Утрински Весник
Свет

Венс: Нема шанси САД да бидат во повеќегодишна војна на Блискиот Исток

Vens.jpg

Потпретседателот на САД Џеј Ди Венс изјави дека „нема шанси“ евентуалните американски воени напади врз Иран да доведат до повеќегодишна војна на Блискиот Исток.

Во интервју за „Вашингтон Пост“, Венс рече дека претседателот на САД, Доналд Трамп, ги разгледува опциите – од воени напади за да се спречи Иран да дојде до нуклеарно оружје, до дипломатско решение, но дека САД нема да влезат во повеќегодишен конфликт.


– Идејата дека со години ќе бидеме во блискоисточна војна без крај на повидок – нема шанси тоа да се случи – рече Венс.

Тој себеси се опиша како „скептик кон странските воени интервенции“, потсетувајќи на своето искуство од војната во Ирак, но додаде дека САД не смеат автоматски да ја отфрлат секоја воена опција поради „грешките од минатото“.

Разговорите меѓу САД и Иран продолжија вчера во Женева, без постигнат конкретен договор, додека американското воено присуство во регионот е на едно од највисоките нивоа во последните две децении, наведува „Вашингтон Пост“.

Венс во интервјуто, исто така, ги коментираше расправите внатре во конзервативното движење за политиката кон Израел, наведувајќи дека отворената дебата е здрава за десницата.

Се осврна и на интервјуто на поранешниот водител на „Фокс њуз“, Такер Карлсон, со американскиот амбасадор во Израел, Мајк Хакаби, оценувајќи дека станува збор за „добар разговор“ и покрај контроверзите.

Можете да прочитате

ММФ одобри нова програма за финансирање на Украина вредна 8,1 милијарда долари

Носачот на авиони „УСС Џералд Р. Форд“ пристигнува на брегот на Израел

Русија објави локално примирје поради поправки во близина на нуклеарната централа Запорожје