Утрински Весник
Свет

Украина и САД ќе се сретнат во Женева

Sad Ukraina Znaminja.jpg

Украинска делегација предводена од секретарот на Советот за национална безбедност, Рустем Умеров, денеска во Женева ги продолжи билатералните разговори со американски претставници. На средбата учествуваат специјалниот пратеник на Доналд Трамп, Стив Виткоф, и неговиот зет Џаред Кушнер.

Главни теми на разговор се економската поддршка за Украина, подготовката на нови мировни преговори и процесот на размена на воени заробеници. Како што информираше Умеров, во делегацијата се и пратениците Дејвид Арахамија, Олексиј Соболев и Дарина Марчак.


„Важен блок е хуманитарниот сегмент и прашањето за можни размени. Очекуваме конкретни резултати во врска со враќањето на нашите граѓани“, изјави Умеров.

Тој нагласи дека се работи на детали за механизмите за економска обнова и долгорочна соработка, но и на подготовка на следната рунда трилатерални разговори со учество на Русија. Претходно, претседателот Володимир Зеленски потврди дека со американската страна ќе се разговара и за економската соработка по завршувањето на војната.

Можете да прочитате

Вајц: Македонија да го искористи позитивниот момент за проширување на ЕУ

Орбан побара ЕУ да ја процени штетата на нафтоводот ,,Дружба” во Украина

Откриено што Епстајн криел во магацинот на Флорида