Утрински Весник
Свет

Откриено што Епстајн криел во магацинот на Флорида

Epstein1 ap 25353818907658 nat 1219.jpg

Британскиот весник „Телеграф“ објави како Џефри Епстајн со години криел делови од својата електронска опрема, фотографии и други материјали во изнајмени складишта низ САД. Според документите до кои дошол весникот, монструмот им платил на приватни детективи да ја отстранат опремата од неговиот дом во Палм Бич, Флорида, кога дознал дека полицијата може да изврши рација и ја преместил опремата во неколку одделни складишта…

Податоците од финансиските евиденции сугерираат дека некои од тие единици биле изнајмени од почетокот на 2000-тите, дури и од 2003 година, и дека плаќањата продолжиле до 2019 година, кога Епстајн починал во притвор додека чекал судење по обвиненијата за трговија со деца. Во единиците, исто така, имало опрема од „педофилскиот остров“ Литл Сент Џејмс. Од увидот на на налозите за претрес прегледани од „Телеграф“ произлегува дека американските власти никогаш не ги пребарале овие складишта надвор од локацијата, што значи дека одредени материјали може да останат неоткриени дури и откако случајот повторно ќе биде во центарот на вниманието.


Инвентарот на предмети извадени од вилата на Епстајн складирани во таен магацин управуван од приватната детективска агенција Рајли Кирали го открива темниот свет на неговите злосторства. Според документите, имало три компјутери, 29 адресари и телефонски именици, како и детален список од три страници на масерки од Флорида. Токму компјутерите биле клучна тема на интерес на истражителите бидејќи се сомневало дека содржат списоци на жртви и снимки од надзорни камери.

Дополнително, во магацинот е пронајдена голема количина експлицитен материјал, вклучувајќи бројни фотографии од голи жени за кои се верува дека се жртви на Епстеин. Пронајдени се и десетици порнографски списанија, како и VHS касети и DVD-а… Особено вознемирувачко откритие е видеокасета од 8 мм на која, според описот, има видео од жена под туш и во долна облека.

Меѓу најбизарните предмети се два прирачници за обука за „сексуални робови“.

Властите во САД долго време се сомневаа како Епстеин бил предупреден за полициска рација во неговата вила во Палм Бич во октомври 2005 година. Поранешниот началник на полицијата во Палм Бич подоцна изјави дека „местото е исчистено“.

Изгледало како да недостасува одредена опрема, компјутерски материјал, кој би бил поврзан со камерите за надзор. Ова ги поттикна шпекулациите дека Епстајн го снимал материјалот без знаење на луѓето.

Многу жртви на починатиот педофил верувале дека тој имал скриени камери во своите вили со кои снимал материјал за можна уцена. Британските медиуми претходно овој месец објавија дека во 2014 година им наредил на вработените да инсталираат скриени камери во кутии за марамчиња во неговиот дом. ФБИ претходно изјави дека нема докази дека Епстајн чувал компромитирачки материјал.

Можете да прочитате

Вајц: Македонија да го искористи позитивниот момент за проширување на ЕУ

Украина и САД ќе се сретнат во Женева

Орбан побара ЕУ да ја процени штетата на нафтоводот ,,Дружба” во Украина