Утрински Весник
Скопје

Делови од Скопје утре рано наутро без струја 

Kuba Bez Struja.jpg

Центарот за управување со кризи информира дека, според известување од ЕВН Македонија АД, поради планирани зафати во електродистрибутивната мрежа, на 26 февруари 2026 година (четврток) ќе има привремен прекин во снабдувањето со електрична енергија во повеќе делови од Скопје.

Без струја во периодот од 04:00 до 08:00 часот ќе останат корисниците од следните населби:


  • населбите Бутел и Север (Општина Бутел),
  • Топанско Поле и дел од Чаир (Општина Чаир),
  • Шуто Оризари и Визбегово (Општина Шуто Оризари).

Од ЕВН појаснуваат дека прекинот е поради технички активности за одржување и унапредување на електродистрибутивната мрежа, со цел обезбедување постабилно снабдување со електрична енергија.

Надлежните апелираат граѓаните навреме да ги планираат своите активности и да преземат потребни мерки додека трае прекинот.

Можете да прочитате

Општина Аеродром: За два месеца 400 тони отпад транспортиран во „Дрисла“

CENTAR NIGHT RUN- прво издание на ноќната урбана трка низ Центар

Ѓорѓиевски и Гоксу го пуштија новото осветлување на Камениот мост