Утрински Весник
Магазин

Прво бебе во Велика Британија родено од трансплантирана матка

Large 2.webp.webp

Хуго Пауел е првото бебе во Велика Британија родено од матка пресадена од починат донор. На мајката Грејс Бел ѝ била пресадена матка од починат донор во 2024 година. Хуго е роден во декември, со царски рез во болницата Квин Шарлотс енд Челзи (Queen Charlotte’s and Chelsea) во Лондон, со тежина од 3,1 килограм.

Грејс е родена со реткиот МРКХ синдром, што значи дека нејзината матка не се развила. Таа го опишува раѓањето како „чудо“ и вели дека никогаш не мислела дека нешто вакво е можно.


Операциите за трансплантација на матка во Велика Британија ги финансира добротворната организација  Вум Трансплант Ју-Кеј (Womb Transplant UK) и чинат околу 30.000 фунти. Зафатите се изведуваат во слободно време на докторите, а здравствената служба ја презема грижа дури откако пациентката ќе забремени. Досега се извршени пет трансплантации во земјата, со две родени бебиња – од жив и од починат донор. 

Во знак на благодарност, Хуго доби две средни имиња: Ричард, по професорот Ричард Смит, и Норман, по неговиот прадедо. Професорот Смит, кој присуствувал на породувањето, рече дека бил „трогнат до солзи“. Родителите на бебето биле среќни и благодарни поради божјото „чудо“.

Можете да прочитате

Пет летни намирници од кои можат да се направат здрави оброци 

Најголемите филмски неуспеси на Холивуд во 2026 година

Филмови што ја одбележаа првата половина на 2026 година