Утрински Весник
Магазин

„Југославија“ во финалето на српскиот избор за Евровизија, реакции и негодување од фанови од Косово

9b1f9fe6 c801 478a a8fa e78cd4f9252a.jpg

Пејачката Зејна Муркиќ настапи во првото полуфинале на српскиот избор за песна на Евровизија со композицијата „Југославија“, а нејзиниот настап предизвика бројни реакции и дебати на социјалните мрежи и во јавноста.

Контроверзиите околу песната започнаа уште пред полуфиналната вечер, најмногу поради самиот наслов. Официјалниот профил „Евровизија Косово“ ја обвини Србија дека „не може да ја одвои политиката од Евровизија“, наведувајќи дека песната, иако зборува за обединување и заедништво, според нив „ја величи Југославија“. Овие реакции дополнително ја зголемија вниманието кон настапот.


По изведбата, фокусот на јавноста се префрли од политичките полемики кон сценскиот перформанс. Зејна се појави на сцената во елегантен долг фустан, изведувајќи ја песната додека со помош на кабли беше крената во воздух, при што изведуваше акробатски движења, вртења и пееше во необични позиции, вклучително и наопаку.

Сепак, токму техничката реализација стана главна тема на коментарите на интернет. Дел од гледачите оценија дека видливите кабли го одвлекле вниманието од песната и вокалната изведба, а критиките најчесто беа насочени кон организаторите, со забелешка дека сценската опрема можела да биде подискретна и подобро интегрирана во настапот.

И покрај контроверзиите, Зејна успеа да се пласира во финалето на националниот избор, заедно со уште шест изведувачи. Во финалната вечер, закажана за 28 февруари, ќе настапат: Мирна со „Омаја“, Космос Трип – „Сè е во ред“, Ива Грујин – „Се откривам себеси“, Лорес – „Невидена“, Јанкс – „Сè скрши“, Зејна – „Југославија“ и Ана Машуловиќ – „Љуби ме“.

Настапот на Зејна веќе се смета за еден од најкоментираните моменти на овогодинешниот српски избор за Евровизија, а реакциите на публиката покажуваат дека вниманието околу песната нема да стивне до самото финале.

Можете да прочитате

Оваа плажа во Грција е прогласена за најдобра во 2026 во Европа

Дневен хороскоп за 25 февруари 2026

Навлажнувачите на воздух помагаат за полесно дишење и подобар сон