Утрински Весник
Балкан

Воен авион падна на автопатот Измир–Истанбул, загина турски пилот

Hb edqgxeai67 a.jpg

Турски воен авион од типот F-16 се урна рано утрово за време на лет во западниот дел на земјата, при што животот го загуби пилотот, соопшти турското Министерство за национална одбрана.

Според официјалните информации, несреќата се случила во провинцијата Баликесир, во близина на автопатот Измир–Истанбул, кратко по полетувањето на леталото од 9-тата воздухопловна база.


Министерството информира дека во 00:56 часот по локално време бил изгубен радио-контактот и сигналот за локација на ловецот F-16, по што веднаш биле активирани тимови за пребарување и спасување. По кратката потрага, остатоците од авионот биле пронајдени, а било потврдено и дека пилотот загинал во несреќата.

„Како резултат на веднаш започнатите операции за пребарување и спасување, беше утврдено дека нашиот авион се урна и неговите остатоци беа пронајдени. Нашиот пилот загина“, се наведува во соопштението на Министерството, пренесува Anadolu Ajansı.

Надлежните институции започнале истрага за утврдување на причините за падот на авионот, а засега не се соопштуваат дополнителни детали за околностите под кои се случила несреќата, јавува Танјуг.

Можете да прочитате

Вучиќ: Планирале да го тепаат моето дете

Земјотрес во Албанија – 24info.mk

Производ кој се користи како храна за бебиња се повлекува во Србија