Утрински Весник
Македонија

Јане Ченто: Артан Груби во куќен притвор, јас 28 месеци во притвор

Cento jane.jpg

Eден од осудените за нападот во Сообраниетo на 27 април 2017 година, Јане Ченто, се огласи на својот фејсбук профил, по апсењето на поранешниот вицепремиер Артан Груби кој доби куќен притвор. Тој се спореди со Груби кој доби куќен притвор, а тој 28 месеци.

„Мене ми наместија предмет дека сум го прекршил куќниот притвор и ме вратија во Шутка по само 20 дена дома. Со камери во мојот дом докажав дека сум бил дома. Докази имаше. Снимки имаше. Од МВР тврдеа спротивно – и никому ништо, помина нивното. Сѐ беше џабе. 5 и кусур години ме влечеа по судови за нешто што знаеа дека не постои. На крај – правосилна пресуда во моја корист. Вистината исплива. Но, изгубеното време, притисоците, понижувањето, кој ќе ги врати? Кога ќе ги гледам денешните правосудни „аршини“, не можам да премолчам. Правдата во оваа држава очигледно не е иста за сите. Може да нѐ наречете како сакате неколку од нас што не губиме надеж за тоа дека еден ден ќе дојде правда, но тоа е, ние ќе се надеваме. И да, ми се гади од лицемерието. Толку.“

Можете да прочитате

Украински новинар од Лавов: Без прекин на огнот нема избори – Зеленски и Залужни можни главни ривали

Спасеновски: Светот влегува во ера на „природна состојба“ каде посилниот го наметнува својата волја

Спасеновски: Светот влегува во ера на „природна состојба“ каде посилниот го наметнува својата волја