Утрински Весник
Македонија

Седум лица пријавени за измама по лажна пријава за сообраќајка во Тетово

Policija srbija 1.jpg

СВР Тетово поднесе кривична пријава против А.Б.(20) од с.Горна Речица, Н.М.(66) од с.Мала Речица, И.И.(51) од Тетово, А.Р.(58) од Тетово, И.Р.(38) од с.Градец, гостиварско и Н.М.(23) од Кочани поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама” и против А.Б.(47) од Тетово поради постоење основи на сомнение за „помагање” во врска со кривично дело „измама”.

На 03.06.2025, прво и второпријавениот, по случена сообраќајна незгода помеѓу две патнички возила, со намера да се стекнат со противправна имотна корист посочиле дека како учесници во истата сообраќајна незгода биле и трето, четврто, петто и шесто пријавените и покрај тоа што тие не биле учесници. Додека, седмопријавениот ги советувал  пријавените како да постапат, односно да се упатат во Клиничка болница Тетово и да се пријават како учесници во сообраќајна незгода со цел да се стекнат со паричен надомест. 


Можете да прочитате

Баба тепала дете во Делчево

Малолетници нападнале врсник и го снимале со телефон во Карпош

Маж од кичевско ќе добие 300.000 денари откако го нападнала мечка