Утрински Весник
Свет

Петнаесет лица загинаа при пад на воен хеликоптер во Перу

Helikopter 1.jpg

Петнаесет лица, меѓу кои седум малолетници, загинаа во Перу при пад на воен хеликоптер кој исчезна во неделата во регионот Арекипа, во јужниот дел на земјата, соопштија перуанските военовоздушни сили.

„По активирањето на операциите за потрага, патроли на специјалните сили и полицијата го локализираа хеликоптерот Ми-17, кој го изгуби радиоконтактот во неделата попладне“, се наведува во соопштението на перуанските ВВС.


„Спасувачките екипи ја потврдија смртта на четворицата членови на екипажот, како и на 11-те патници кои биле во леталото“, додадоа од ВВС, прецизирајќи дека меѓу патниците имало седум лица на возраст под 18 години.

Хеликоптерот, од руско производство, беше прогласен за исчезнат во неделата попладне, откако полета од градот Писко, во регионот Ика, во правец кон Чала, во регионот Арекипа, на околу 1.100 километри јужно од Лима. Спасувачите го локализирале хеликоптерот во месноста Чала.

Можете да прочитате

Хорор во Италија: Татко двапати го избодел својот 12-годишен син во градите

Белгија: Неколку лица загинаа во судир меѓу училиштен автобус и воз

Иран ги предупреди САД за кршење на прекинот на огнот