Утрински Весник
Македонија

Следува краткотраен дожд и снег во северните предели и засилен северен ветер

Meteoalarm.mk 24.png

Метео анализа на Славчо Попоски:

Денес вторник 24 февруари 2026 во попладневните  и во вечерните часови во Македонија и тоа особено во северните предели ни следува краткотрајна промена на времето со зголемување на облачноста  и локални врнежи од дожд во пониските места (градовите) како и повремен снег на планинските места над 1100/1200 метри надморска височина. Повремен локален дожд ќе има  и во Скопскиот регион а на околните планини ќе има повремен снег.


Сето ова ќе биде проследено со повремено засилен ветер од северен правец кој ќе биде најизразен во Повардарието и во источните предели (повремено и локално со брзина до околу 60 км/час).

Максималната дневна температура денес ќе бидат натпросечно висока  и ќе се искачува во интервалот од 11 до 18 степени а во Скопје  и околината таа ќе се искачи до околу 14 степени.

Можете да прочитате

Македон Димитровски примен во престижната програма за талентирани млади на „Џонс Хопкинс“

Апасиев ја објави отфрлената пријава за закана: „Да собираме пари за погреб на Апасиев”, „смрт”, „бензин и кибрит” за Обвинителството биле политички говор

Ѓорѓиевски откри: Три од четирите сензори на жичарницата на Водно не функционирале