Утрински Весник
Македонија

Ристоска : Државниот обвинител мора да им служи на граѓаните, а не на политиката

Foto lence ristoska.jpg

Обвинителката Ленче Ристоска во ,,Топ Тема” на Телма Телевизија говореше за својата кандидатура, за критериумите според кои треба да се избере новиот државен обвинител и за потребата од деполитизација на функцијата.

„За мене навистина е значајно што Советот, разгледувајќи ја мојата програма, даде зелено светло и дека јас имам капацитет да ја извршувам функцијата државен јавен обвинител“, рече Ристоска.


Во однос на изјавата на Мицкоски поврзана со кандидатурата, таа вели дека е проблем да се носи став без увид во професионалната биографија и визија на кандидатот.

„Да се донесе став за кандидат без притоа да се има увид во биографијата, професионалното досие, мојата визија и севкупното професионално делување – отвора сериозно прашање кои се критериумите според кои Владата ќе одлучува кој ќе биде следниот државен јавен обвинител“, изјави таа.

Според Ристоска, таквиот пристап остава дилеми околу мерилата што ќе се применуваат при изборот.

„Тоа е исто како професор да одлучи дека студентот паднал без да му го оцени тестот. Сметам дека ова е погубно“, додаде Ристоска.

Таа нагласи дека функцијата државен јавен обвинител не треба да се гледа низ призмата на политичката постапка на избор, туку низ уставната улога служба на граѓаните и заштита од криминал и корупција.

„Јас ја гледам функцијата низ призмата на уставната улога – да им служи пред сè на граѓаните и да ги штити од криминал и корупција“, рече Ристоска.

Повика постапката за избор да се базира на објективни и професионални критериуми, во согласност со препораките на Венецијанската комисија, која инсистира на департизација и деполитизација на функцијата.

„Постапката треба да се базира на објективни и професионални критериуми. Владата го предлага кандидатот, но потоа тој избор се гласа во Собранието – затоа критериумите мора да бидат јасни и мерливи“, истакна таа.

Осврнувајќи се на критиките во јавноста, Ристоска рече дека не може да се согласи дека работењето на предмети од висока корупција може да биде дисквалификација.

Можете да прочитате

Поднесена кривична против битолчанец – пронајдена е дрога

Голем одрон после Катланово – 24info.mk

Трипуновски: Субвенциите ќе одат кај вистинските земјоделци, а не кај „ловците на субвенции“