Утрински Весник
Македонија

Калајџиев за „Безбеден град“: Шансата да прегазам некого сега кога зјапам во брзинометарот се поголеми од порано

Gordan Kalajdziev 1 Bg Resize.jpg

Професорот по кривично право, Гордан Калајџиев, упати критики за проектот ,,Безбеден град” на својот фејсбук профил.

Вели дека само затоа што го критикувал проектот, бил осуден како да навистина сака да гази деца по улици и додава дека реално, сеа се поголеми шансите за прегази некого затоа што постојано гледа во брзинометарот.


„И така дознав дека ние што имаме некакви забелешки за Безбеден град всушност сакаме да газиме деца по улици! Искрено, шансата да прегазам некого сега кога зјапам во брзинометарот се поголеми од порано. Пс. Системот се разбира само ги намали брзините, но и натаму не влијае врз пешачките премини, пијаните возачи…“, напиша тој.

https://www.facebook.com/gordan.kalajdjiev/posts/1557487472024540?ref=embed_post

Можете да прочитате

Апелација ја укина затворската казна за убиството на кучето Феликс – осудениот ќе плати 1.800 евра

Сиљановска-Давкова до жените во технологијата: „Ако можев јас да станам претседателка, може и секоја од вас“

Регионот копа бакар, во Македонија „Иловица-Штука“ останува блокирана