Утрински Весник
Македонија

СДСМ: Тетар во живо, нема ниту една камера за 5 тони дрога а има камери за Груби

Sdsm.webp.webp

Тетарот во живо продолжува.

Од 65 илјади камери нема ниту камера за 5 тони дрога, никој ништо не видел.


Камерите „случајно” не работеа ниту кога Груби излезе од државата, слободно, пешки, со пасош, иако бил на „стоп” листата.

Ама за враќањето на Груби камери има, од граница, од пречек, до Обвинителство и секако и понатаму.

Веднаш се спремни и медиумите под контрола на Орбан, кои имаат 40% од медиумите. Геро, Бетмен, Латас, веднаш со коорднирани објави.

Власта ја презеде контролата врз судството и обвинителството, се рушат предметите на СЈО, сите спремни да ја одиграат својата улога во „предавањето” на Груби.

Режирана претстава како дел од договорот меѓу ДУИ и ВМРО-ОКГ.

Само да видиме која е цената за овој  договор, што ќе добие ДУИ за возврат.

Центар за комуникации, СДСМ

Можете да прочитате

Изменет сообраќаен режим на Автопат А-1 делница клучка Миладиновци, клучка Петровец и клучка Аеродром

Калајџиев за „Безбеден град“: Шансата да прегазам некого сега кога зјапам во брзинометарот се поголеми од порано

Груби е во добра здравствена кондиција и е сместен со уште еден притвореник