Утрински Весник
Спорт

Последен ден на ЗОИ 2026, Норвешка најуспешна нација

Milanocortinazoi.png

Норвешка со вкупно освоени 40 медали, од кои 18 златни, е најуспешна нација пред денешниот завршен натпреварувачки ден на Зимските олимписки игри (ЗОИ) 2026 на кој ќе бидат доделени последните пет комплети одличја пред цереминијата на свеченото затворање од 20:30 часот во римскиот амфитеатар „Арена ди Верона“.

Денешната олимписка програма ќе биде отворена со третото возење во боб четворосед и трката на 50 км во крос кантри, масовен стар, а нови олимписки шампион ќе бидат познати по женското финале во халфпајп и женскоот финале во карлинг меѓу Швајцарија и Шведска.


Завршниот настан на олимписките борилишта ќе стартува во 14:10 часот за кога е закажано машкото финале во хокеј на мраз меѓу Канада и САД.

Табела на освоени медали:

Норвешка 18 11 11 40
САД 11 12 9 32
Холандија 10 7 3 20
Италија 10 6 14 30
Франција 8 9 6 23
Германија 7 9 8 24
Швајцарија 6 8 6 20
Шведска 6 6 4 16
Австрија 5 8 5 18
Јапонија 5 7 12 24

Можете да прочитате

Натпреварот Вардар – Башкими заврши со тензии

ПМФЛ: Вардар го пречекува Башкими, Струга му гостува на Пелистер

Турскиот Самсунспор славеше против Шкендија во Скопје