Утрински Весник
Македонија

СДСМ: Контролирано судство, повеќе од 80 дена без одговор за криминалните тендери

Sdsm.webp.webp

Соопштение за јавност на СДСМ:

Правдата во државата се погребува – судството и обвинителството се ставаат под директна контрола на Мицкоски и ВМРО-ОКГ.


Го сменија јавниот обвинител за да инсталираат обвинител под своја контрола. Јавно, на телевизија, Мицкоски ја елиминираше независната кандидатка Ристовска, иако таа доби максимални 10 од 10 поени од Советот на јавни обвинители. Мицкоски сам одлучува и си бира обвинител по свое. 

Сопруга на градоначалник од ВМРО-ОКГ е назначена за член на Судски совет, советник на Мицкоски во Уставниот суд, портпаролката на Владата знае судски одлуки за незавршени предмети, а од собраниска говорница премиерот им дели задачи на обвинителите како да работат.

Паралелно, се води кампања за дискредитација на предметите на СЈО, со цел да се избрише одговорноста на нивните функционери.

Затоа нема никаква реакција за криминалните тендери што ги објави Антикорупцискиот тим на СДСМ. Поминаа повеќе од 80 дена од првата пријава до ДКСК, над 80 дена ништо, молк. 

Нема реакција ниту од обвинителството, ниту од финансиската полиција.

Нема одговор за 161 тендер за семејна фирма на Томовски, за 51 тендер за „Пирамид Билдинг”, за 74 тендери за „Ленди Груп”, за 9 милиони евра за фирма со двајца вработени, за 1,2 милиони евра тендер преку Пошта за фирма блиска до ЗНАМ.

Сите молчат.

Истата матрица од времето на Никола Груевски, на кого му се спрема враќање во Македонија.

Можете да прочитате

Манасиевски: Заев и СДС беа главниот кадија во државата, тие судеа, тие пресудуваа, тие разрешуваа

Игри без граници со урбанизмот

Синоќа низ Македонија уапсени 18 возачи, меѓу нив и малолетник