Утрински Весник
Свет

Maкрон за најавата на Трамп за царини од 15 проценти: Внимателно ќе ја анализираме ситуацијата

Makron 960x539 1.jpg

Реакција на најавата на американскиот претседател Доналд Трамп за глобална царинска стапка од 15 проценти, даде и францускиот претседател кој истакна дека Франција внимателно ќе ја анализира ситуацијата.

„Внимателно ќе ги проучиме точните последици, што може да се направи и ќе се прилагодиме“, рече францускиот претседател.

Тој додаде дека „најфер можните правила подразбираат реципроцитет, а не толеранција на еднострани одлуки“.

„Ако тоа помогне во смирувањето на ситуацијата, во ред. Мислам дека треба да се стремиме кон пристап што ги намалува меѓународните тензии и продолжува да ја модернизира нашата економија“, заклучи Макрон.

Можете да прочитате

Украински дрон ја погоди нуклеарната централа Запорожје, МААЕ загрижена

Русија: Украински дрон ја погоди најголемата нуклеарна централа во Европа

Тројца мртви во американски напад врз брод за кој имало сомнеж дека шверцува дрога во Пацификот