Утрински Весник
Свет

Снежното невреме остави 19.000 домаќинства без струја во североисточна Словенија

Slovenija.webp.webp

Околу 19.000 домаќинства во североисточниот дел на Словенија се без електрична енергија поради сериозни дефекти на дистрибутивната мрежа, предизвикани од обилните снежни врнежи што започнаа вчера, објави РТВ Словенија.

Теренските екипи од повеќе региони се ангажирани на отстранување на дефектите и нормализирање на снабдувањето. Словенечкиот премиер, Роберт Голоб, најави посета на Марибор, каде што ќе одржи состанок со претставници на Електро Марибор и со службите за цивилна заштита за да се направи проценка на состојбата.

Според информациите, невремето вчера предизвикало прекин на електричната енергија кај околу 40.000 домаќинства што ги снабдува Електро Марибор, како и кај дополнителни 8.000 корисници на Електро Целје. Надлежните предупредуваат дека дел од 19.000-те домаќинства кои моментално се без струја можно е да останат без напојување и во наредните денови.

Можете да прочитате

Трамп ќе ги зголеми глобалните царини на 15%

Марш во Лион по смртта на десничарски активист, Макрон повика на смиреност

Либанскиот претседател го обвини Израел за нарушување на стабилноста по новите воздушни напади