Утрински Весник
Македонија

МВР со детали за синоќешната драма во тетовско Гајре

Policijanokje.jpg

На 20.02.2026 година во СВР Тетово, З.И.(39) од с. Гајре пријавил дека околу 20.00 часот во с. Гајре бил пресретнат од Л.М. и 16-годишно малолетно лице, кои излегле од патничко моторно возило „Голф” со тетовски регистарски ознаки, по што насилно го внеле во двор од куќа сопственост на Л.М. Таму му упатиле закани со огнено оружје и физички го нападнале со тврд предмет.

По преземени мерки, околу 21.50 часот на ул. „Илинденска” во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово ги лишиле од слобода А.М.(43) и Е.М.(20) од с. Гајре, кои биле затекнати во патничко моторно возило „Голф” кое претходно не запрело на даден знак за запирање на полициски службеници. Во с. Гајре, во присуство на родител, од слобода било лишено и 16-годишното малолетно лице.

Лицата се задржани во полициска станица, а возилото е задржано за преглед во Полициската станица Тетово. Се преземаат мерки за пронаоѓање на Л.М.

По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Можете да прочитате

Македон Димитровски примен во престижната програма за талентирани млади на „Џонс Хопкинс“

Апасиев ја објави отфрлената пријава за закана: „Да собираме пари за погреб на Апасиев”, „смрт”, „бензин и кибрит” за Обвинителството биле политички говор

Ѓорѓиевски откри: Три од четирите сензори на жичарницата на Водно не функционирале