Утрински Весник
Економија

ВМРО-ДПМНЕ: Приоритет на Владата е стабилна економија и раст на платите

Vmro.webp.webp

Соопштение за јавност на ВМРО-ДПМНЕ:

ВМРО-ДПМНЕ останува цврсто посветена на заштитата на работниците и унапредувањето на животниот стандард на сите граѓани.

Приоритет на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ е обезбедување стабилна економија во која трудот се вреднува, платите растат, а институциите функционираат одговорно и транспарентно. Со политики насочени кон реален економски раст, создавање нови работни места и почитување на колективните договори, се поставуваат темелите за долгорочна финансиска сигурност.

Со ВМРО-ДПМНЕ на чело на државата, платите бележат реален пораст, а мерките што се спроведуваат се насочени кон подобрување на куповната моќ и стабилизирање на економските текови. Наместо празни ветувања, се реализираат конкретни политики што носат резултати.

Додека ВМРО-ДПМНЕ беше во опозиција, застанавме на страната на работниците затоа што постоеја сериозни проблеми како доцнење на платите, непочитување на колективните договори и обиди минималната плата да се отстрани од формулата за пресметка.

Таквата промена ќе го прекинеше линеарниот раст и ќе ја ослабеше заштитата на илјадници вработени.

Заедно со синдикатите поднесовме повеќе од 40 амандмани и го спречивме тој процес. Со тоа обезбедивме минималната плата да остане дел од системот, што овозможува со нејзиниот раст да растат и останатите примања.

Денес разликата е очигледна. По две години управување со државата, не зборуваме за барања, туку за реализирани обврски.

Во општините платите се зголемени во просек за околу 5.000 денари.

Во основното и средното образование зголемувањата се движат од 46% до 60% во период од четири години.

Во високото образование платите се повисоки за најмалку 14%.

Во здравството растот изнесува меѓу 40% и 50% во рамки на еден мандат.

Полициските службеници добија покачување од 10%, социјалните работници 20%, а околу 11.000 административни, судски и обвинителски службеници имаат обезбедено раст од 40% до 2028 година.

Колективните договори се почитуваат, а исплатата на платите е редовна.

Инфлацијата е стабилизирана во однос на претходните двоцифрени стапки.

Ова се системски и одржливи решенија, а не ад-хок мерки. На овој начин ја спроведуваме обврската кон работниците.

Отворени сме за разговор за минималната плата, но одлуките мора да се носат институционално, преку Економско-социјалниот совет и со пристап што обезбедува економска стабилност.

Работниците заслужуваат стабилност, сигурни договори и политики што даваат конкретни резултати.

Можете да прочитате

СДСМ: Една милијарда евра е зголемена дупката во ПИОМ, арамијата Мицкоски ги загрозува пензиите

Левица: Неплатено грозје, заложено вино и евтини државни кредити – Владата ја чести винарската олигархија со народни пари додека лозарите ги турка во пропаст

Куќа во Карпош продадена за 1,5 милиони евра, стан од 50 м2 во Центар за 168 0000 евра