Утрински Весник
Македонија

Мицкоски: На листата на Владата за државен обвинител се тројца кандидати, Ленче Ристоска не е меѓу нив

20260219212313 big 730x400 27.webp.webp

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски во неговото гостување во „Само интервју” на Канал 5 телевизија, посочи дека од четирите кандидати за државан јавен обвинител за кои Советот на јавни обвинители даде позитивни мислење, на владината листа се три имиња, а меѓу нив не е и бившата обвинителка од СЈО, Ленче Ристоска.

Советот на јавните обвинители даде позитивно мислење за четворица од петте кандидати за државен јавен обвинител. Позитивно мислење добија сегашната в.д. државна јавна обвинителка Анита Тополова-Исајловска, обвинителката Ленче Ристовска, судијата од Кривичниот суд, Ненад Савевски, и обвинителката од скопското Обвинителство, Лидија Раичевиќ. За кандидатурата на Владимир Панчевски едногласно одлучи дека тој не ги исполнува условите предвидени со законот во однос на работниот стаж.

Можете да прочитате

Муцунски во посета на САД

Холанѓани со дрон ја снимале касарната Илинден

Царинска управа: Спречени обиди за криумчарење на лекови, забни импланти, опрема за тетовирање, над 12 тони овошје и зелечук и златен накит