Утрински Весник
Балкан

Турција се противи на грчкото истражување јаглероводори во близина на Крит

20260219130451 big 730x400 64.webp.webp

Турција се спротивставува на одлуката на Грција да истражува јаглеводороди јужно од Крит, соопшти денеска Министерството за одбрана во Анкара, нарекувајќи го потегот на Атина повреда на турско-либискиот договор за поморска граница.

Конзорциум предводен од американскиот нафтен гигант „Шеврон“ во понеделникот потпиша договор за пребарување на природен гас во четири блока во длабокото море, јужно од полуостровот Пелопонез и Крит, на површина од 47 илјади квадратни метри.

Ова ќе ја удвои површината на грчките територијални води достапна за истражување на наоѓалишта на гас, со порака од Атина дека сакаат да станат извозник на енергија и енергетски центар на Југоисточна Европа.

„Ние се спротивставуваме на таа нелегална активност, која го крши Меморандумот за разбирање за поморска надлежност од 2019 година меѓу Либија и нашата земја“, објави турското Министерство за одбрана на неделната прес-конференција.

Според министерството, активноста нема директно да навлезе во континенталниот гребен на Турција, туку ја нарушува поморската јурисдикција на Либија, објавена од Обединетите нации на 27 мај 2025 година.

„Ќе продолжиме да им ја даваме на либиските власти потребната поддршка за да преземат чекори против овие еднострани и нелегални активности на Грција“, нагласи турското министерство.

Во 2019 година, Турција и Либија потпишаа договор за границите во Средоземното Море, но Грција не го прифаќа, бидејќи го „игнорира“ Крит, кој се наоѓа помеѓу турскиот и либискиот брег.

Анкара и Атина со децении се расправаат за голем број прашања, првенствено за морските граници и правата во Егејското Море, област која се смета за богата со енергетски ресурси и има стратешки импликации за воздухопловството и воените активности, забележуваат британските медиуми.

Декларацијата за пријателски односи од 2023 година ја омекна грчко-турската реторика, но многу прашања се уште се отворени, и покрај декларативната подготвеност за нивно решавање.

Можете да прочитате

Притворен сопственикот на фабриката за бисквити во грчкиот град Трикала за експлозијата во која загинаа пет работнички

Вучиќ: Косовската војска посилна од македонската

„Политико“: САД вршат притисок врз НАТО за намалување на мисиите во Косово и Ирак