
Претседателскиот центар Стево Пендаровски информира дека го отвора повикот за првата генерација на „Ехо на демократијата“ (Echoes of Democracy) – политичка школа за млади професионалци.
„Оваа иновативна програма е дизајнирана да ви овозможи вештини, знаењето и вмрежување потребни за навигација и влијание врз развојот на демократскиот пејзаж во регионот“ велат оттаму.
Школата се состои од три интензивни модули:
Модул 1: Демократијата, демократски компетенци и граѓанско учество – истражување на демократската отпорност во Западен Балкан (Скопје, 8–10 април).
Модул 2: Навигација по европскиот пат – совладување на можностите и дилемите на ЕУ интеграцијата (мај).
Модул 3: Геополитика, идентитет и културни политики – анализа на силите што го обликуваат идентитетот и глобална позиција на регионот (јуни).
Работилниците во рамките на модулите се фокусирани на практично застапување и регионално вмрежување.
На повикот може да аплицираат професионалци на возраст од 22 до 40 години од Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Црна Гора, Северна Македонија и Србија. Програмата трае од април до октомври 2026 година.
Како да аплицирате:
Испратете кратка биографија (макс. 2 страници) и мотивационо писмо од 600 зборови на: contact@pendarovskicenter.mk
Краен рок за аплицирање: 16 март 2026 година.

