Утрински Весник
Македонија

Тошковски: Одделот за заштита на личности и објекти е столб на институционалната безбедност

5.jpg

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска присуствуваше на одбележувањето на 18 февруари – Денот на формирањето на Одделот за заштита на определени личности и објекти, организациска единица со долгогодишен континуитет и значајна улога во системот на националната безбедност.

Во своето обраќање министерот Тошковски истакна дека припадниците на Одделот со децении демонстрираат професионалност, дисциплина и висока подготвеност во извршувањето на задачите, често во сложени и чувствителни околности, при што нивната работа, иако најчесто надвор од вниманието на јавноста, е од суштинско значење за непречено функционирање на институциите и одржување на стабилноста и безбедноста.

„Во текот на 2025 година реализирани се обезбедувања на 61 делегација и 153 меѓународни и домашни настани, оценети со највисоки оценки од нашите меѓународни партнери. Тоа е потврда дека македонската полиција стои рамо до рамо со најдобрите и работи согласно највисоките професионални стандарди”, потенцираше министерот Тошковски.

Тој нагласи дека во услови на променлива и комплексна безбедносна средина, приоритет на раководството останува континуираното унапредување на условите за работа, вложувањето во обуки, модернизацијата на опремата и јакнењето на институционалната поддршка.

Министерот Тошковски упати благодарност до сегашните и поранешните припадници на Одделот за нивната одговорност и професионален пристап, истакнувајќи дека нивната работа претставува значаен дел од вкупниот капацитет на Министерството за внатрешни работи и директно придонесува за зголемување на довербата во институциите.

Можете да прочитате

Македонската енергетика не страда од недостиг на ресурси, туку од вишок интереси

Додека Мицкоски „ќе чека со децении за ЕУ“ Софија тврди дека „Бугарија и Македонија немаат билатерален спор“

ВЛЕН: ДУИ инструментализира уште едно прашање кое самата го остави како заложник!