Утрински Весник
Македонија

Поради излевање на Вардар пренасочен сообраќајот на патот Гостивар-Чегране, снег на Деве Баир, Делчево, Страцин и Пониква

Reka 1.webp.webp

Поради излевање на Вардар од синоќа воведена е забрана за сообраќај на регионалниот пат Р2-233 Гостивар – село Чегране во село Форино. Сообраќајот се пренасочува од село Старо Чајле кон село Форино. Патот кон село Герман е блокиран кај село Станча, од паднато дрво и не е  прооден, информира АМСМ во утринскиот извештај за состојбата на патиштата. 

Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози. Врнежи од слаб снег има во Крива Паланка – Граничен премин Деве Баир, Граничен премин Делчево, Страцин и на Пониква, но во моментов не претставуваат пречка за одвивање на сообраќајот.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

 АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Во сила е законската обврска за задолжително поседување зимска опреа во возилата.

Можете да прочитате

Кузеска: Врв на безобразие, 100 милиони евра за нов авион за Мицкоски наместо за плати, училишта и болници

Левица: Парите за боледувања доцнат – дали Клековски манипулира дека се редовни или фондот е празен

Собранието ги констатираше оставките на Бислимоски и на Ристовска