Утрински Весник
Свет

Во Женева заврши првиот ден од трилатералните преговори за Украина

Ukraina.webp.webp

Во Женева заврши првиот ден од трилатералните преговори за решавање на конфликтот во Украина, по состанокот кој траеше четири и пол часа и се одржа на руски и англиски јазик зад затворени врати, изјави извор близок до преговорите.

Според истиот извор за РИА Новости, британската делегација, предводена од советникот за безбедност на премиерот Кир Стармер, Џонатан Пауел, исто така присуствувала за да се запознае со текот на разговорите.

Дмитриј Песков нагласи дека по завршувањето на денешната сесија не се очекуваат официјални соопштенија и дека преговорите ќе продолжат утре.

Советникот на претседателот на Украина, Серхи Лешченко, потврди за Укринформ дека европски советници за безбедност биле присутни, но не биле директно во преговарачката сала. Тој нагласи дека советници од Франција, Германија, Италија и Велика Британија биле во постојана комуникација со учесниците и дека нивното присуство ја штити украинската и европската перспектива: „Европа мора да биде на преговарачката маса, а патот на Украина кон ЕУ е неизбежен и корисен за двете страни.“

Американскиот претседател Доналд Трамп претходно изјави дека Украина треба „што побрзо да седне на преговарачката маса“.

Новата рунда преговори меѓу Русија, САД и Украина се одржа во хотелот „Интерконтинентал Женева“. Руската делегација ја предводеше помошникот на претседателот Владимир Путин, Владимир Медински, американската делегација ја предводеа специјалниот пратеник Стивен Виткоф и советникот на Белата куќа Џаред Кушнер, а украинската делегација ја предводеше шефот на кабинетот на Володимир Зеленски, Кирило Буданов.

Паралелно, во Женева ќе се одржат состаноци на работната група за економски прашања, на кои ќе учествува и генералниот директор на Руски фонд за директни инвестиции (РДИФ), Кирил Дмитриев.

Можете да прочитате

Техеран најавува напредок во индиректните разговори со САД

Зеленски: 2.000 украински деца се вратени од руско заробеништво

Петмина млади загинаа во пожар во магацински простор на станбена зграда во Шпанија