
Со материјален доказ, Владимир Панчевски екс – претседател на скопскиот кривичен суд, реагираше откако советот на јавни обвинители ја одби неговата кандидатура за државен јавен обвинител. Советот ја отфрли кандидатурата на Панчевски со образложение дека тој не го исполнува законскиот услов од 10 години непрекинат работен стаж како судија или обвинител во областа на кривичното правo.
Панчевски на својот Фејсбук профил објави официјална потврда издадена од Основниот кривичен суд Скопје, која директно ја оспорува ваквата одлука.
Во потврдата, потпишана од судскиот администратор Дејан Нешовски, стои дека Панчевски бил судија во периодот од 08.02.2008 до 28.07.2020 година.
Вкупен стаж: 12 години, 5 месеци и 20 дена (над законскиот минимум).
Област: Постапувал во Одделението за организиран криминал и корупција, претходна постапка и прекршоци.
Функција: Поранешен претседател на Основниот кривичен суд Скопје.
„Историјата бележи“
„Историјата бележи, Ви благодарам на сите добронамерни луѓе и пријатели желни Македонија конечно да стане правна држава“, напиша Панчевски.
Останува отворено прашањето дали по јавното објавување на овој документ, Советот на јавни обвинители ќе ја преиспита својата одлука или ќе понуди дополнително објаснување за дисквалификацијата на Панчевски.

