Утрински Весник
Македонија

Костадиновски: „Сејф сити“ пример за прилагодување кон почитување на правилата

Kostadinovski.webp.webp

Претседателот на Уставниот суд, Дарко Костадиновски, денеска информираше дека пред Судот веќе се формирани четири предмети поврзани со системот „Безбеден град“ (Safe City). Како што посочи, поради специфичноста и значењето на проектот, кој претставува новина во државата, постапувањето ќе се одвива со висок приоритет и забрзана динамика.

Костадиновски нагласи дека Судот ќе пристапи внимателно и одговорно кон разгледувањето на предметите, имајќи ја предвид важноста на системот за јавната безбедност, но и потребата од почитување на уставните права на граѓаните. Тој потенцираше дека во оваа фаза не може да ја прејудицира конечната одлука на Судот.

Сепак, претседателот на Уставниот суд посочи дека системот за видео-надзор, според неговата оценка, има општествена оправданост, нагласувајќи дека мерките кои ги предвидува се пропорционални на целта што се настојува да се постигне – зголемена безбедност и почитување на правилата.

„Овој проект на сите ни покажа дека нашиот менталитет може многу брзо да се смени и да се прилагоди на правила. Не сме безнадежен случај. Ако има вистинска подготвеност за почитување на владеењето на правото, имаме добра перспектива и иднина“, изјави Костадиновски.

Тој додаде дека примерот со „Сејф сити“ често го споменува и на меѓународни конференции, наведувајќи го како пример дека граѓаните во Македонија се подготвени за развој на уставната култура, доколку институциите воспостават јасни правила, рамки и принципи на функционирање.

Можете да прочитате

Девет нови амбасадори – Муртезани нов амбасадор во НАТО, Мангова оди во Лондон, Салиеска Иљазоска во Хаг

Загина лице во сообраќајка во Скопје

Средба на Сиљановска-Давкова со Никол Варнс, вршителка на должноста амбасадорка во Амбасадата на САД