Утрински Весник
Македонија

Мицкоски да одговори колку пари чинело неговото возење со авион до море и со кого бил, бара СДСМ

Sdsm.webp.webp

Соопштение за јавност на СДСМ:

Луксузирањето на премиерот Мицкоски со пари на граѓаните и летањето со владин авион на Јадранско море го покажува вистинското лице. Уште една потврда колку власта е опиена од моќта и аздисаното грабање пари преку приватни бизниси и криминални тендери.

Додека граѓаните едвај врзуваат крај со крај, додека владата одбива 600 евра минимална плата и им крати 40 милиони евра на земјоделците, се кратат и парите во спортот за 5 милиони евра,  а премиерот најбезобразно се луксузира врз грбот на народот.

Груевски купуваше очила од 60 илјади евра, нарачуваше луксузен мерцедес од 600 илјади евра а Мицкоски со часовници од 60 илјади евра се луксузира со авион.

Пола Влада се шетала со владиниот авион. Главна дестинација- Будимпешта, кај нивниот шеф, Груевски.

Па уште и нов авион ќе купувала Владата.

300-400 милиони евра за нов авион е спремна Владата на Мицкоски да потроши само за нови туристички патувања.

Работниците едвај може да си ги прехранат семејствата со ниските плати, поскапена е храната, струјата, греењето а владата запнала за нов авион.

Ова е врв на аздисанст.

Веќе недостастуваат 2 милијари евра во буџетот е се планира нов авион за туристички патувања на премиерот и министрите. Очигледно затоа „мигранти за пари” им е следниот извор на финансирање.

Нека не се крие Мицкоски, да излезе пред граѓаните и да каже колку чинело неговото возење со авион до море и кој бил со него?

Можете да прочитате

Во табла јајца сакала да внесе дрога во затвор, ОЈО бара куќен притвор за 25годишна жена

Овчар најден починат во близина на пат во гостиварско

Буџетот е пред колапс а народот со празни џебови, велат од СДСМ