Утрински Весник
Македонија

Учество на Муцунски на министерскиот состанок за Коридор VIII во Тирана, Албанија

Mucunski 1068x711 1.jpg

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, утре, на покана на министерката за Европа и надворешни работи на Република Албанија, Елиса Спиропали, заедно со колегите од Италија, Бугарија и Романија, ќе учествува на Министерскиот состанок „Коридор VIII во стратешкиот момент на Европа: Поврзаност, отпорност преку воена мобилност и споделен просперитет преку интеграција”.

На состанокот ќе стане збор за актуелните инфраструктурни проекти што во моментов се операционализираат долж Коридор VIII, како и за предизвиците со кои се соочуваат земјите, а за чие надминување е неопходно засилено политичко внимание.

Можете да прочитате

Левица: Клековски да го разреши директорот Маркоски – голготата во охридската болница мора да заврши

Клековски на средба со словенечкиот министер за здравство за унапредување на соработката

ВЛЕН: Се решава проблемот со просторните капацитети на УМТ, новиот кампус од 42 милиони евра носи трајно решение