Утрински Весник
Македонија

Состојба со поплавите: Излевањата се повлекуваат, едба поплавена куќа во Битолско

Kichevo poplava.jpg

Центарот за управување со кризи излезе со информација за поплавите на територијата на државата до 08:30 часот

Тетовски регион

Во Тетовскиот регион нема нови пријави за излевање на реката Вардар кај село Форино, ниту на останатите водотеци каде што во текот на вчерашниот ден беше евидентирано излевање и поплавување.

На патниот правец Тетово–Попова Шапка е воведена забрана за движење на автобуси, додека за останатите патнички моторни возила е задолжителна употреба на зимска опрема.

Битолски регион

Во Битолскиот регион, преку Единствениот број за итни повици 112 е примена пријава од жител на ул. „Буквски Мост“ за поплавена куќа. Случајот е пријавен во ТППЕ Битола за понатамошно постапување.
Нивото на реката Црна Река во село Новаци изнесува 310 см.

Во ЕЛС – Долнени утрово е остварен контакт и се очекува интервенција на патниот правец од село Сливје кон село Костинци, кој е во лоша состојба. Активностите ќе се реализираат со механизација од ЈП „Македонија пат“.

Кичевски регион

На подрачјето на Кичево нема нови поплавувања на објекти. Состојбата останува непроменета, а нивото на реките и водотеците е во континуирано намалување.

250 евакуирани лица се сместени во спортската сала „Христо Узунов“, каде им се обезбедени храна, вода и хигиенски производи.

Екипи на ЈП „Комуналец“ и ТППЕ вршат испумпување на водата од подрумите на улиците Прилепска, Пиринска, Први Мај и 29 Ноември.

Можете да прочитате

Ужас во Скопје, прегазено четиригодишно дете

Влада: Авионот е користен согласно прописите

Гостиварец позајмил автомобил од свој братучед па потоа го продал