Утрински Весник
Македонија

Бебе донесено починато во болницата во Тетово

Tetovobolnica.jpg

МВР информира дека вчера во 11:00 часот во СВР Тетово било пријавено дека во Ургентниот центар Тетово е донесено бебе без знаци на живот.

-Веднаш било постапено и е констатирано дека се работи за петнеделно бебе на И.А.(37) од Тетово. Увид на местото извршиле екипа од СВР Тетово и лекар од судска медицина, при што не се пронајдени траги на насилство, информира портпаролот на СВР Тетово, Фатмир Реџепи.

По наредба на јавен обвинител, телото е дадено за обдукција и се работи на целосно расчистување на случајот.

Можете да прочитате

Уапсени 14 возачи за безобѕирно управување возило, деветмина возеле без возачка дозвола

Жена настрадала по експлозија на бојлер во викендичка

Автомобил удрил во електричен тротинет, повредени 15 годишно момче