Утрински Весник
Македонија

Дилерска група откриена во Струмица, екстази се продавало со месеци

Apsenje.jpg

СВР Струмица поднесе кривична пријава против Т.М. (33), А.А.В. (23) и А.Ѓ. (23), сите од Струмица, поради постоење основи на сомнение дека сториле кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“.

Според информациите од полицијата, во периодот од октомври 2024 година до февруари 2025 година, пријавените се здружиле со цел неовластена продажба и пуштање во промет на наркотична дрога екстази – МДМА. За таа цел, тие набавувале, држеле, продавале и посредувале во неовластена продажба и пуштање во употреба поголема количина на екстази.

По целосно документирање на случајот, против осомничените е поднесена кривична пријава до надлежното обвинителство.

Можете да прочитате

Премиерот на Хрватска Андреј Пленковиќ утре во посета на Македонија

Давкова ќе ги додели наградите за иновација, лидерство и влијание во ИТ екосистемот „Women in Tech® Macedonia Awards”

Битиќи ја прозва министерката за финансии: „Фејсбук не е место за правдање на долгови“