Утрински Весник
Македонија

Таравари очекува предвремени парламентарни избори

Arben Taravari 1024x637 1.jpg

Претседателот на Алијансата за Албанците, Арбен Таравари, во изјава за медиумите по одржаното 6-то Собрание на партијата, се осврна на актуелната политичка состојба во земјата, оценувајќи дека Македонија повторно ќе се соочи со предвремени парламентарни избори, пренесува ТВ21.

Таравари истакна дека не може да прецизира кога би се одржале изборите, но според неговата политичка проценка, тие се извесни. Тој посочи дека одлуката најмногу зависи од ВМРО-ДПМНЕ, која во моментов има 58 пратеници во Собранието и ѝ се потребни најмалку 61 глас за распишување избори.

„Не можам да кажам со сигурност, секој пат сум велел дека ова најмногу зависи од ВМРО-ДПМНЕ бидејќи има 58 пратеници и му требаат 61 глас за да распише избори. Според она што го гледаме, иако премиерот декларативно вели дека нема да има предвремени избори, мојата политичка интуиција вели дека повторно ќе има предвремени избори. Не сакам да кажам кога, но мислам дека дефинитивно ќе дојдеме до ситуација каде што ќе има потреба од одржување предвремени парламентарни избори“, изјави Таравари.

Тој не даде дополнителни детали за можниот термин, но нагласи дека политичките околности може да доведат до нов изборен циклус.

Можете да прочитате

Седница на партиското Собрание на Алијанса за Албанците

Поради сообраќајка блокиран сообраќајот на регионалниот пат Куманово – Крива Паланка, кај м.в.„Св.Петка“

УХМР: Претпазливо движење покрај реките и сууводолиците низ земјава