Утрински Весник
Македонија

Одронот кај село Колари е отстранет

Odron.jpg

Сообраќајот на патниот правец Кичево – Гостивар целосно е нормализиран  претпладне во 10:30 часот. Екипи на ЈП „Македонијапат“ го отстраниле одронот кај село Колари што го блокираше патот од 5.40 часот изутрината. Инаку, сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози.

На патниот правец село Лисец – Попова Шапка, каде во 05:45 часот изутрината поради врнежи од снег беше воведена забрана за тешки товарни возила и автобуси, се работи на проширување на коловозот за нормално одвивање на сообраќајот. 

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Во сила е законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата.

Можете да прочитате

Мицкоски од Минхен: За Македонија членството во ЕУ не е милост, одамна е заслужено

Поплавени куќи во селата Буковиќ и Семениште во општина Сарај

МВР: Кривична за сопственик на сместувачки објект во Делчево, каде при пожар на 1 јануари имало 30 гости