Утрински Весник
Свет

Пет европски држави ја обвинија Русија за смртта на Навални

Rusija.webp.webp

Велика Британија, Франција, Германија, Шведска и Холандија со заедничко соопштение ја обвинија Русија дека стои зад смртта на рускиот опозициски лидер Алексеј Навални, повикувајќи се на резултати од лабораториски анализи.

Според нив, национални лаборатории „конклузивно“ утврдиле присуство на епибатидин — силен токсин поврзан со отровни жаби од Јужна Америка. Државите наведуваат дека ваква супстанца не се произведува природно во Русија и дека симптомите и околностите упатуваат на труење како најверојатна причина за смртта.

Навални почина во февруари 2024 година во казнена колонија во Арктикот, што предизвика остри реакции од западните влади. Кремљ тогаш ги отфрли обвинувањата, а портпаролката на руското МНР, Марија Захарова, повторно ги нарече тврдењата „дезинформациска кампања“ насочена кон дискредитација на државата.

Западните земји, пак, посочуваат дека фактот што Навални починал во затвор под контрола на руските власти, според нив, укажува на можна државна одговорност.

Можете да прочитате

Иранскиот престолонаследник го повика Трамп да помогне во соборувањето на иранскиот режим

Стармер од Минхен: Европа мора да ја зајакне одбраната и да биде подготвена за борба

Чоколадата станува луксуз во Европа