Утрински Весник
Македонија

Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози

Vlazni kolovozi.jpg

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно влажни  коловози. Врнежи од снег со задржување на коловоз се бележат на патниот правец с.Лисец – Попова Шапка, соопшти вечерва Автомотосојузот на Македонија. 

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Во сила е законската обврска за задолжително поседување зимска опрема во возилата.

Можете да прочитате

Мицкоски оствари средба со Зеленски

СДСМ: Мицкоски во Минхен, појаснување

Прикривале регистарски таблици – полицијата приведе две лица, одземени два „Мерцедеси“