Утрински Весник
Свет

Рубио: Ќе продолжиме со дипломатски притисок, но не е јасно дали Москва сака мир

Rubio.webp.webp

Американскиот државен секретар Марко Рубио порача дека САД ќе ги интензивираат дипломатските активности за завршување на војната во Украина, но дека останува отворено прашањето дали Русија е подготвена за вистински договор.

На Минхенска безбедносна конференција, Рубио истакна дека Вашингтон ќе продолжи да ја проверува сериозноста на Москва во преговарачкиот процес. „Не знаеме дали Русија искрено сака крај на конфликтот, но ќе продолжиме да го тестираме тоа“, изјави тој.

Покрај дипломатските контакти, САД го засилуваат притисокот преку санкции во енергетскиот сектор, особено во нафтената индустрија, како и со зголемена воена поддршка за сојузниците од НАТО во насока на помош за Украина.

Рубио посочи дека има одреден напредок, наведувајќи ги неодамнешните директни средби меѓу руски и украински воени претставници во Абу Даби како позитивен сигнал. Сепак, најтешки за решавање остануваат прашањата за територијалните спорови и контролата врз нуклеарната централа во Запорожје.

И покрај повеќегодишните обиди, меѓу кои и иницијативите на американскиот претседател Доналд Трамп, конкретен мировен договор сè уште нема. Новата рунда разговори меѓу Русија, Украина и САД е најавена за следната недела во Женева.

Можете да прочитате

Пет европски држави ја обвинија Русија за смртта на Навални

Францускиот министер за надворешни изјави дека Путин е подготвен да употреби биолошко оружје и проотив сопствениот народ

Зеленски го критикува Орбан: „Украинците го држат европскиот фронт“