Утрински Весник
Економија

Трипуновски: Исплатени скоро 480 милиони денари субвенции за лозарите, следуваат 200 милиони за овоштарите следната недела 

Server04.global net.com 9.jpg

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски, истакна дека веднаш по усвојувањето на Програмата, традиционално пред празникот Свети Трифун, во текот на вчерашниот ден се реализирани исплатите на лозарите.

„Исплатени се средства за над 12.500 лозари кои се евидентирани во нашиот регистар. Станува збор за околу 480 милиони денари, односно речиси 8 милиони евра, кои веќе се легнати на сметките на лозарите”, истакна министерот.

Тој посочи дека оваа финансиска поддршка ќе им овозможи на лозарите навремено да влезат во новата производна сезона и да ги подготват лозовите насади за претстојната берба.

„Веќе на почетокот на наредната недела ќе следува исплатата и за овоштарите. За таа намена ќе бидат исплатени околу 200 милиони денари”, најави Трипуновски.

Министерот нагласи дека поддршката од Владата и Министерството не останува само на зборови, туку се препознава и по дела.

Можете да прочитате

Претставници на Нвидиа, Леново и експерт од екосистемот на ОпенАИ на годишната конференција на МАСИТ во Скопје

Студија на Групацијата EOS покажува како банкарството се менува: Секој трет за чувствителни финансиски прашања полесно разговара со ВИ агент отколку со човек

Мицкоски: Извозот расте побрзо од увозот, трговскиот јаз во третиот квартал е намален за 85–86 милиони евра