Утрински Весник
Свет

Трамп: Смена на режимот во Иран би била најдоброто нешто што може да се случи

Tramp.webp.webp

Доналд Трамп синоќа изјавил дека смената на режимот во Иран „би била најдобрата работа што може да се случи“.

– Само зборуваат и зборуваат и зборуваат веќе 47 години – наведе Трамп.

Тој потврди и дека најголемиот носач на авиони во светот „УСС Џералд Р. Форд“ од Карипско Море ќе биде распореден на Блиски Исток. Тој ќе се придружи на носачот „УСС Абрахам Линколн“ и на бродовите разорувачи со наведувачки ракети, кои во регионот се повеќе од две недели.

– Ќе ни треба во случај да не постигнеме договор. Многу брзо заминува – истакна Трамп.

Но, Трамп навести дека е можен договор со Иран и избегнување на воена операција.

– Ако ни дадат прав договор, нема да го сториме тоа – посочи Трамп.

Можете да прочитате

Стармер: Руската закана не завршува со Украина

Меѓународно истражување: Граѓаните се повеќе се убедени дека Третата светска војна е неизбежна

Рубио: САД не ја напушта Европа, но бара реципроцитет и сериозност