Утрински Весник
Балкан

Десетици трактори пред грчкиот Парламент во центарот на Атина – земјоделците со порака дека нивната битка продолжува

20260212215745 big 730x400 46.webp.webp

Порака дека нема да отстапат од нивните барања, за кои велат дека сè уште не се решени, испраќаат земјоделците од целa Грција преку протестот што попладнево го одржуваат на плоштадот Синтагма во центарот на Атина, каде што стигнаа со десетици трактори што до утре наутро ќе останат паркирани пред Парламентот, јави дописничката на МИА од Атина.

Земјоделците со тракторите поминаа низ централните улици, каде што со аплаузи беа поздравени и од насобраните граѓани, но и од случајните минувачи кои им изразија поддршка.

Процените се дека околу 50 трактори се пред грчкиот Парламент, а ни дождот не ги обесхрабри да продолжат со протестот.

Земјоделците со кои поразговара дописничката на МИА од Атина велат дека се разочарани и од владината политика и од владините мерки, дека не се исполнети нивните барања, дека владата не сфатила дека потребни се решенија за примарниот сектор, но и истакнуваат дека обединети ќе продолжиме со нивната борба.

– Бескомпромисноста нема да помина, имавме средби и тоа на највисоко можно ниво, се сретнавме со премиерот и наидуваме на ѕид, наидуваме на бескомпромисност. Продолжуваат да го убиваат животните, цената за производство сè уште е на високо ниво. Од сето она што ни го ветија не исполнија ништо, вели за МИА Вакис Циобанидис земјоделец и сточар од областа Еврос.

Со сличен став е и земјоделецот Аристидис од Лариса, коментира дека ниту еден од нивните проблеми не се решени.

– Не можеме да преживееме, трошоците за производство остануваат високи, вели земјоделецот.

Земјоделците од островот Крит беа првите кои утрово стигнаа во Атина со траект, додека пак оние од северна Грција, но и од Пелопонез пристигнаа организирано со автомобили и автобуси.

Тракторите дојдоа од централна Грција, од градовите Кардица, Трикала и Лариса, како и од Евија, односно од местата што се во близина на Атина.

Можете да прочитате

Ѓедовиќ Хандановиќ: Побаравме пари за првата фаза од нуклеарната програма на Србија

Кос: ЕУ би можела да одбие Србија да има пристап до средства од пакетот од 1,6 милијарди евра

Откриена мрежа со фиктивни управители на 380 компании во Грција со направен долг од 43 милиони евра