Утрински Весник
Скопје

Започнува целосната реконструкција на улицата „Ферид Мурати” – еден од најзначајните инфраструктурни проекти во Чаир

632206636 1433714148133832 4015773715920235519 n.jpg

Градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити, заедно со градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денес го најавија почетокот на целосната реконструкција на улицата „Ферид Мурати”, еден од најзначајните инфраструктурни проекти во општината.

Проектот опфаќа целосно асфалтирање на улицата, две регулирани сообраќајни ленти во двете насоки, стандардизирани тротоари за пешаци, велосипедски патеки од двете страни, организиран паркинг простор за околу 200 возила, како и нов систем на јавно осветлување.

Реализацијата на проектот се спроведува во соработка меѓу Општина Чаир, Светска банка и Министерството за транспорт. Улицата „Ферид Мурати” има посебно значење за Чаир, бидејќи поврзува населби, го олеснува секојдневното движење и директно придонесува кон локалниот развој.

Општина Чаир останува посветена на проекти што ги подобруваат јавните простори и ја унапредуваат инфраструктурата, со цел подобар квалитет на живот за граѓаните.

Можете да прочитате

Посебен режим на сообраќај утре во Скопје

Герасимовски: „Дебармаалски средби и серенади“, љубовта, традицијата ибоемскиот дух живеат во Дебар Маало

Општина Центар со акција против диви депонии