Утрински Весник
Македонија

Екс-градоначалник под истрага, исплаќал плати и бонуси спротивно на закон

Svr veles.png

СВР Велес поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство Велес против Г.С. (47) од Чашка, поради сомнение дека сторил кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“, казниво по член 353 од Кривичниот законик.

Според информациите од полицијата, во периодот од јануари 2021 до декември 2024 година, пријавениот во својство на градоначалник на општина Чашка постапувал спротивно на законските прописи, при што на 10 вработени во општината во повеќе наврати им биле исплаќани парични средства од буџетската сметка по основ на плата за кариера кај државен службеник, иако не ги исполнувале условите предвидени со Законот за државни службеници.

Дополнително, како што информираат од МВР, на уште едно лице му била исплатена бонус плата спротивно на Законот за работни односи, без да бидат исполнети законските услови за таква исплата.

Со ваквите постапки, пријавениот им овозможил на вкупно 11 лица да стекнат противправна имотна корист, при што била предизвикана штета на буџетот на општина Чашка во износ од 725.562 денари.

Исто така, полицијата наведува дека за работно место за кое според актот за систематизација била предвидена една позиција, пријавениот издал решение за вработување иако работното место веќе било пополнето.

Можете да прочитате

Одбраната ја оспорува темелноста на вештачењето за „Онкологија“, судењето продолжува на 4 март

Три пријави за физички напади врз партнерки пријавени на скопската територија

Новите ДДВ правила ги забавија пратките, Пошта и Царина работат на решение