Утрински Весник
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Зошто Заев и Филипче дозволиле одгледување на канабис на отворено спротивно на закон?

Vmro.webp.webp

Соопштение за јавност на ВМРО-ДПМНЕ:

Во 2023 година, Владата предводена од СДС извршила измени на Правилникот за одгледување канабис за медицински цели, кои се косат со важечкиот закон што ја регулира оваа област.

Со измените во член 2 од Правилникот е предвидено канабисот да може да се одгледува и на отворен простор (површина или земјиште), иако во законот и во претходната верзија на правилникот беше утврдено дека одгледувањето за медицински цели се врши исклучиво во затворен простор.

СДС и Заев со ваквиот подзаконски акт овозможиле производство на канабис на нива, што отвора сериозни дилеми во однос на исполнувањето на ГМП стандардите. Доколку не се исполнети овие норми, финалниот производ, маслото од канабис не би можел да биде соодветно лиценциран ниту пласиран во промет за потребите на пациентите.

Владата на СДС на чело со Заев и Филипче свесно и намерно го сменила правилникот.

Владата на СДС намерно го сменила правилникот со оглед на тоа дека претходните политики и јавни заложби на СДС, Зоран Заев и Венко Филипче, беа проширување и легализација на пазарот на канабис.

Во 2020 СДС на чело со Заев и Филипче имаа иницијатива за поширока легализација на марихуаната, како и на значителното зголемување на бројот на издадени лиценци за медицински канабис, особено во струмичкиот регион.

Можете да прочитате

Полицајка од Кочани киднапирала и тепала нејзина колешка приправничка

Дафина Стојановска итно да си поднесе оставка, бара Левица

ОЈО Струга оформи предмет за загадувањето на водата за пиење