Утрински Весник
Македонија

Викендот врнежливо, од понеделник заладување и снег

Dozd sneg.jpeg

Се очекува времето утре да биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, пообилни во југоисточните региони. На повисоките планини врнежите ќе бидат од дожд и снег. Ќе дува умерен до засилен ветер од северозападен правец, соопшти УХМР.

Во Скопје, променливо облачно со повремени врнежи од дожд, особено претпладне и кон крајот на денот. Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер.

За време на викендот под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса ќе има врнежи од дожд кои повремено наместа ќе бидат пообилни (над 30 l/m²). Локално ќе има услови за појава на краткотрајно невреме со пороен дожд, грмежи и силен ветер. Во почетокот на следната седмица ќе има заладување и врнежи кои претежно ќе бидат од снег.

Можете да прочитате

Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози

Блокиран патот кон дебарското село Татар Елевци

Физички нападнати тројца пожарникари во Куманово