Утрински Весник
Македонија

Алиу: Паркингот на Клинички ќе има паметен систем, комплетен мониторинг, сензори и хортикултурно уредување

Klinicki parking.webp.webp

Со одлуката на Владата донесена во вторникот се овозможи конечно решавање на деценискиот проблем со паркирањето во Клиничкиот кампус „Мајка Тереза“ – рече денеска министерот за здравство Азир Алиу. Се создаде правна основа за потпишување договор со Град Скопје. Договорот ќе биде склучен на 15 години, со закупнина во висина од 10 отсто од вкупно остварениот промет, а Град Скопје ќе почне со проектирање и изградба на катни гаражи и инфраструктурно уредување.

Според Алиу, проектот ќе предвидува комплетен мониторинг на паркирањето и дигитален водич за граѓаните, хортикултурно уредување на просторот, паметен паркинг-систем со сензори за детекција на слободни паркинг-места, мобилна апликација, поврзување со фискален систем…

– Времето на одложување на проблемите заврши, ова е нова култура – на одговорност. Нашата визија е здравството да функционира и во логистиката, а денес го правиме токму тоа. Со години илајдници луѓе лекувањето го почнуваа со нервоза и неизвесност. Пациентите заслужуваат ред, достоинство и функционален систем – истакна Алиу на прес-конференција.

Потсети и дека паркирањето на Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ беше најавено како еден од приротетите на Министерството за здарвство.

-Со последната владина одлука донесена во вторникот прашањето со паркингот добива јасна институционална рамка и се отвора патот за негово трајно решавање – рече Алиу.

Можете да прочитате

Поранешниот директор на „Водовод“ – Кочани и уште три лица заработија кривични

Божиновска оствари серија значајни средби со меѓународни партнери

Советник на Мицкоски ќе стане уставен судија