Утрински Весник
Македонија

ДПМНЕ го одби предлогот на Левица за заштита од отказ на бремените работнички

Image 2026 02 12 131159156.png

Соопштение на Левица:

Пратениците од власта не гласаа за предлог-измените на Левица, со кои се предвидува заштита од отказ на работничките за време на бременост. Со негласањето за предлог-законот на Левица, ќе продолжи неизвесноста на бремените работнички кои се вработени на определено време – во услови кога државата се соочува со драстично намален наталитет.

Во Македонија, и покрај тоа што формално постои забрана за отказ поради бременост, реалноста покажува дека бремените жени, особено оние вработени на определено време, се меѓу најнезаштитените работнички. Газдите масовно ја користат законската празнина со тоа што едноставно не го продолжуваат договорот на определено време, оставајќи ги жените без работа токму во момент кога им е најпотребна сигурност.

Доколку беше усвоен предлогот на Левица, ќе се воведеше автоматска трансформација на договорот на определено во неопределено време во случај на бременост. Ова значи дека бременоста повеќе немаше да биде причина жената да остане без работа по истекот на договорот.

Левица потенцира дека ниедна жена не смее да биде казнета затоа што одлучила да стане мајка. Работничките кои се бремени имаат право на достоинство, здравје и сигурност. Кога бремена жена е приморана да ја крие бременоста од страв од отказ, тоа не е личен проблем – тоа е пораз на општеството. Државата има највисока обврска да ги заштити мајките, бидејќи со тоа ја штити сопствената иднина.

Бидејќи не беа поддржани измените на Левица, апелираме до владејачкото мнозинство да не ја игнорира системската дискриминација со која се соочуваат бремените работнички и итно да иницираат измени кои ќе стави крај на голгототата и неизвесноста која ја преживуваат жените кои одлучиле да станат мајки.

Можете да прочитате

Поранешниот директор на „Водовод“ – Кочани и уште три лица заработија кривични

Божиновска оствари серија значајни средби со меѓународни партнери

Советник на Мицкоски ќе стане уставен судија