Утрински Весник
Македонија

СДСМ: Владата не сака да ги покачи платите на работниците – сака нов авион за Мицкоски

Whatsapp image 2025 12 26 at 15.11.01.jpeg

Соопштение на СДСМ:

Додека над 200.000 работници едвај врзуваат крај со крај, а вредноста на синдикалната кошница одамна надмина 66 илјади денари, Владата одбива да ја покачи минималната плата на 600 евра.

Работниците протестираат за достоинствени плати на улиците, за да можат да ги платат сметките и да обезбедат храната а Владата ги игнорира и најавува купивање нов авион. 

Ова е навреда за секој чесен работник, за секое семејство кое се бори со тешкото секојдевие, со високите трошоци и поскапувањата.

Пратениците од тендер коалицијата ВМРО-ЗНАМ го блокираат законското решение на СДСМ во Собранието за 600 евра минималната плата и поддршка на компаниите. 

Не сакаат ниту да дојде на дневен ред затоа што не сакаат да ги покачат платите на работниците и не сакаат да им помогнат на компаниите.

Владата сака да купи нов авион за Мицкоски, за нови туристички патувања, како она во Давос.

Груевски со пари на граѓаните купуваше мерцедес од 600 илјади евра и очила од 60 илјади евра а Мицкоски има часовници од 60 илјади евра и сака да купива авион на грбот на народот.

За граѓаните и за работниците „нема пари”, само за луксузот на премиерот – мора да има, така функционира оваа криминална власт, во мафијашки стил.

СДСМ останува на страната на работниците и ќе продолжи да се бори за повисоки плати за работниците, економска правда и враќање на достоинството на граѓаните.

Можете да прочитате

Мицкоски: Владата проактивно работи на реновирање на туристички сместувачки капацитети, очекувам 2026 година да имаме раст на бројот на туристи

СДСМ: Лагите за правилникот и законот нема да го тргнат прашањето: Како 5 тони поминаа граница

Одбраната на Васев ги оспорува вештачењето и лиценцата на вештакот од Словенија