Утрински Весник
Македонија

По вечерешниот потрес, Милевски со порака до граѓаните: Ова е нормално тектонско движење

Zemjotres.webp.webp

По силниот земјотрес што вечерва ги вознемири граѓаните, професорот Ивица Милевски од Природно-математичкиот факултет (ПМФ) излезе со смирувачка порака и научно објаснување за потресот. Тој посочи дека нема причина за паника, нагласувајќи дека станува збор за природен геолошки процес поврзан со тектонските движења во подрачјето на Шар Планина.

Според Милевски, земјотресот е резултат на процесите со кои планината и понатаму се издигнува, односно на природните тектонски поместувања што се случуваат во овој регион.

– Со овој потрес, планината се извишила, можеби само за десетина милиметри. Иако звучи малку, кога тоа ќе се случи одеднаш, и не е малку објаснува професорот.

Тој додава дека ваквите процеси траат милиони години и се дел од природната динамика на земјината кора, порачувајќи граѓаните да останат спокојни.

– Нека си тера таа како што тера со милиони години, малку по малку, а ние може да си одмориме порача Милевски.

Можете да прочитате

Мечка шета низ Битола, Коњановски уверува: Надлежните се веќе на терен

Андоновски откри дека Македонија била мета на сериозен сајбер-напад врз владините системи

„Беше неочекувано, нè евакуираа на безбедно“: Андоновски откри детали за драмата на аеродромот во Вилнус