Утрински Весник
Македонија

БМВ и камион се судрија настана пожар кај Хиподром, затворен автопатот кон Скопје

Img 8146.jpeg

Тешка сообраќајна несреќа проследена со пожар вечерва предизвика целосен застој на автопатот на влезот во Скопје, на потегот кај Хиподром во правец кон главниот град. Според првичните неофицијални информации, станува збор за судир меѓу патничко возило „БМВ“ и камион, по што избувнал пожар дознава 24инфо.

Очевидци сведочат за драматични сцени на местото на несреќата, а на терен се забележани екипи на противпожарната служба и итната помош. Засега нема официјални информации за евентуално повредени лица.

Дополнително, возачи информираат за застој или нова сообраќајна незгода и на делот по патарината Миладиновци, во близина на исклучокот за Илинден, што дополнително ја усложнува сообраќајната состојба во овој дел од главниот град.

На возачите им се препорачува зголемена внимателност, намалување на брзината и, доколку е возможно, користење на алтернативни правци сè додека сообраќајот не биде нормализиран.

Можете да прочитате

По вечерешниот потрес, Милевски со порака до граѓаните: Ова е нормално тектонско движење

Први податоци од сеизмолозите: Земјотресот со интензитет од V степени во Тетово и Гостивар

Земјотрес вечерва во Скопје – 24info.mk